Ако сте објавиле многу фотографии на Мета платформите како Фејсбук и Инстаграм, тие би можеле да се користат за обука на вештачка интелигенција.

Судејќи според зборовите на Марк Цукерберг, првиот човек на Мета, тоа навистина може да се случи, барем според она што тој им го кажа на инвеститорите.

„Кога луѓето мислат на податоци, тие обично мислат на корпус што може да се користи за обука на модел со вештачка интелигенција“, рече Цукерберг.

„Фејсбук и Инстаграм содржат стотици милијарди јавно споделени слики и десетици милијарди јавно споделени видеа“, додаде тој.

Сепак, постојат прашања за приватноста и авторските права. Бидејќи овие фотографии се поставуваат на јавен домен, дали тоа значи дека Мета може да ги користи без ваша согласност?

Претседателот на Мета за глобални прашања, Ник Клег, веќе предвидува потенцијални правни проблеми и очекува „многу судски постапки“, па технолошкиот гигант веројатно е свесен за се.

Што ќе произлезе од сето ова, останува да се види, бидејќи користењето податоци за обука на модели на вештачка интелигенција е сè покомплицирана тема во светот на технологијата.