Корисниците на Mac се цел на малициозен софтвер AMOS, кој се инсталира на нивните уреди преку лажни ажурирања на Safari и Chrome.
Малициозен софтвер, наречен Atomic macOS Stealer (AMOS), првпат беше забележан на почетокот на 2023 година и оттогаш е се поголема закана.
Овој малициозен софтвер ги таргетира корисниците на Mac и ги мами да инсталираат софтвер на нивните машини. Откако ќе се инсталира, малициозниот софтвер може да украде лозинки на iCloud Keychain, информации за кредитни картички, датотеки и многу повеќе.
Во својата најнова варијанта, малициозен софтвер AMOS се вбризгува на уредите на корисниците преку лажни ажурирања на Safari и Chrome. Новиот метод на измама е наречен „ClearFake“.
Иако е сериозна закана, добрата вест е дека малициозниот софтвер AMOS може да се избегне.
Еве како да го направите тоа.
- Прво, никогаш не преземајте никакви софтверски ажурирања од непознати или недоверливи извори. Се препорачува да го ажурирате Safai директно од делот Mac System Settings, додека за Chrome ја користите официјалната апликација или страницата на Google.
- Ако некоја апликација ве замоли да ја заобиколите заштитата на macOS Gatekeeper, бидете внимателни и едноставно отфрлете ја апликацијата.
- Ако користите нова веб-страна, проверете кога е креирана и не верувајте на никакви скокачки прозорци, реклами и понуди за преземање содржини.
Поврзани артикли