Дополнително, бидејќи новата верзија на оперативниот систем ќе донесе подлабока интеграција на генеративната вештачка интелигенција на сите нивоа, тој ќе биде и нешто понапорен кога станува збор за меморијата, предвидуваат аналитичарите.
Оваа година во светот на компјутерите би можела повторно да ја одбележи генеративната вештачка интелигенција, која полека го наоѓа патот до деловните апликации, различните сервиси, па дури и оперативните системи.
Веќе подолго време се шпекулира дека Windows 12, чие лансирање се очекува во 2024 година, ќе зависи позначајно од системите и решенијата за вештачка интелигенција, односно дека нивната мисија ќе биде да го донесат искуството на „компјутер со вештачка интелигенција“ до „обичниот“ корисник. Ваквите персонални компјутери би претставувале нова генерација, во која Microsoft гледа нов потенцијал.
40 TOPS
Според новиот извештај на аналитичарите на TrendForce, тој план е потврден – AI апликациите ќе се прошират, а обработката на функциите на вештачката интелигенција делумно ќе се префрли од големи облак услуги и сервери на лични „компјутери со вештачка интелигенција“.
Следствено, и тие ќе мора да бидат нешто помоќни, па оваа и следната година се очекува појава на понапредни процесори, со акцент на извршување на операции во областа на вештачката интелигенција. Тие би требало да понудат најмалку 40 TOPS (милијарда пресметки во секунда), кои Microsoft ги постави како бенчмарк за апликации за вештачка интелигенција.
#Microsoft may launch new Windows version integrated with Copilot. This move could significantly influence the competition between #Qualcomm, #Intel, #AMD in the AI PC race, and also impact the rivalry between #x86 and #Arm CPU factions in Edge AI market.https://t.co/qH3mh71wmk
— TrendForce (@trendforce) January 17, 2024
Чиповите како што се Snapdragon X Elite на Qualcomm, серијата Ryzen 8000 на AMD и очекуваното Lunar Lake од Intel би можеле да ја исполнат таа спецификација во наредниот период.
16 GB RAM
Новиот Windows и деловниот пакет Office (односно Microsoft 365) исто така ќе донесат уште подлабоко интегриран Copilot, како асистент базиран на вештачка интелигенција, во идните изданија. Според новиот систем, тој ќе биде клучен дел од архитектурата на „AI компјутерот“, па ќе се зголеми нивната „глад“ за работна меморија.
Според истиот извор, за Windows 12, земајќи ги предвид сите AI функции, Microsoft ќе ја зголеми минималната количина на потребна работна меморија на дури 16 GB. Само компјутерите со толкава количина на меморија и гореспоменатата процесорска моќ би се сметале за способни да станат „компјутери со вештачка интелигенција“.
Потегот на Microsoft ќе има последици и за целиот пазар, бидејќи може дополнително да ја зголеми побарувачката за мемориски чипови. За споредба, Windows 11 бара минимум 4 GB RAM меморија. Минатата година се пишуваше дека „дванаесетката“ можат да го удвојат тоа барање, а сега гледаме дека не е исклучено ниту четирикратно зголемување.