Продажбата на речиси десет години старата GTA V не опаѓа.

Неодамна дознавме дека Rockstar Games развива GTA VI. Во меѓувреме, Take-Two Interactive објави дека GTA V досега има продадено речиси 175 милиони примероци.

Во својот последен финансиски извештај, Take-Two забележа дека Grand Theft Auto V продаде меѓу 170 и 175 милиони копии, продолжувајќи да биде втората најпродавана игра на сите времиња (зад Minecraft со 238 милиони продадени копии).

Неодамна објавениот Red Dead Redemption 2, исто така, продолжува да постигнува одлични резултати, а заедно со Red Dead Online, играта е продадена во повеќе од 46 милиони примероци и е на десеттото место според продажбата.

Ќе биде интересно да се види дали GTA V ќе успее да достигне 200 милиони продадени примероци пред новиот Grand Theft Auto VI да се појави на пазарот.