Неодамна медиумите пишуваа дека има информации дека чиповите на Google Tensor ќе се произведуваат во тајванската фабрика TSMC, а сега тоа полека станува реалност.

Како што објави тајванскиот „Economic Daily“, Google ја предал својата „само-развиена“ верзија на Tensor на компанијата KYEC, која се користи за тестирање на нови чипови чие производство ќе започне во Тајван.

Според овој извештај, Google бил вклучен во купувањето хардвер за тестирање на чиповите, кои треба да започнат „во средината на оваа година, а потоа да се зголемуваат со текот на времето“.

Неодамна беше објавено дека Google планира повторно да соработува со Samsung оваа година на Tensor G4 чипот, кој наводно нема многу да се промени во споредба со Tensor G3 од серијата Pixel 8, според сајтот „9to5Google“.

Сепак, Samsung сега можеби ги менува плановите, бидејќи Google одлучи да се сврти кон компанијата TSMC за Tensor G5, а исто така ќе биде првиот целосно приспособен дизајн на чипсет развиен од Google.