Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот (NTSB) објави дека пронашол iPhone кој „најверојатно“ испаднал од нечиј авион.
Авион на „Алјаска ерлајнс“ неодамна морал принудно да слета во Портланд, Орегон, бидејќи плочката на вратата му се скршила додека летал.
Корисник на Твитер, потпишан како „Шонатан Бејтс“ објави дека пронашол iPhone кој бил во режим „Airplane“ и се уште има батерија.
Found an iPhone on the side of the road… Still in airplane mode with half a battery and open to a baggage claim for #AlaskaAirlines ASA1282 Survived a 16,000 foot drop perfectly in tact!
When I called it in, Zoe at @NTSB said it was the SECOND phone to be found. No door yet😅 pic.twitter.com/CObMikpuFd
— Seanathan Bates (@SeanSafyre) January 7, 2024
Портпаролот на NTSB изјави дека станува збор за „еден од пронајдените предмети, веројатно од летот што бил предаден на Алјаска ерлајнс“.
„Телефонот го „преживеа“ падот од 15.000 стапки. Кажано ни е дека тоа е вториот пронајден“, напиша Бејтс.