Обожавателите на компјутерските видео игри имаат ризик од неповратно губење на слухот или страдање од тинитус (чувство на звук во увото без вистински надворешен поттик), предупредуваат научните студии.
Во прегледот на 14 светски научни студии во кои беа анализирани повеќе од 50.000 луѓе, објавен во австралиското медицинско списание BMJ Public Health, се наведува дека нивото на звук што го слушаат луѓето додека играат компјутерски игри често се приближуваат или ги надминуваат безбедносните граници, пренесува Скај њуз.
Играчите се предупредени дека се изложуваат на ризик од неповратно губење на слухот и тинитус.
Ризикот се влошува кај луѓе кои редовно играат долги временски периоди со интензивни звуци како на пример пукање, откриваат експертите.
Студијата, објавена во медицинското списание BMJ Public Health, ја спроведе тим кој вклучува експерти од Светската здравствена организација и Универзитетот во Јужна Каролина.
Истражувачите предупредуваат дека треба да се направи повеќе за јасно да се предупредат играчите за ризиците, особено децата и тинејџерите.