Компанијата LG вообичаено претставува нови телевизори на CES, но овојпат ги има, покрај освежените M и G серии и новиот OLED T, кој го нарекуваат првиот безжичен транспарентен OLED телевизор.
Се наведува дека OLED T ќе има 4K резолуција и технологија за безжичен пренос на аудио и видео на LG. Исто така, има екран кој се спушта или се крева со притискање на копче.
Се напојува со новиот LG Alpha 11 AI процесор со четири пати подобри перформанси од претходната генерација чип. Дополнителната моќност нуди 70% повисоки графички перформанси и 30% поголема брзина на обработка, како што тврдат од компанијата.
Моделот OLED T работи со уредот Zero Connect Box и безжично испраќа видео и аудио сигнали до телевизорот – конзолите и другите уреди за стриминг ги поврзувате, се разбира, на овој box, а не директно на телевизорот.
На почетокот, некои од визуелните прикази на OLED T се малку застрашувачки, бидејќи се чини дека она што го гледате на телевизорот е всушност во вашата соба.
Samsung најави и транспарентен телевизор на CES 2024, но таа верзија користи Micro OLED технологија.
Поврзани артикли