MSI го претстави Claw, својата прва рачна конзола за игри, но и прва на пазарот што користи чип на Intel.

MSI Claw рачната конзола користи Meteor Lake Intel Core Ultra процесори, што е значајна промена од другите рачни гејмерски конзоли на пазарот, кои имаат чипови AMD.

Компанијата не ги откри сите опции кои ќе бидат достапни, но истакна дека конзолата ќе користи процесор до моделот Core Ultra 7 155H, кој има 6 P јадра, 8 E јадра и две нископотрошни E јадра, со максимален турбо работен такт од 4,8 GHz.

Чиповите на Intel Core Ultra го имаат новиот графички процесор Intel Arc и нудат поддршка за модерни функции за рендерирање, како што се ray tracing и изворната поддршка за XeSS.

MSI Claw има и 16GB LPDDR5 меморија и M.2 2230 NVMe PCIe Gen4 SSD со капацитет до 1TB. Има и слот за microSD за дополнително проширување на просторот.