Стримерот Блу Скути ја надмина вештачката интелигенција и стана првиот човек што го помина, или го „сруши“ тетрисот на НЕС.
Класичната игра тетрис е достапна повеќе од три децении и за тоа време голем број луѓе стигнале до еден од различните завршетоци на играта. Ова обично се прави со натрупување четири реда тули во исто време.
Тој потфат е предизвик сам по себе, но има и такви кои концептот за „победување на тетрис“ го доведоа до крајност со толку интензивно играње на NES играта што го урнаа, феномен наречен „kill screen“.
Блу Скути е тринаесетгодишен конкурентен тетрис играч и тој стана првиот човек што го принуди NES на „kill screen“, што де факто значи крај на играта. Претходно тоа можеше да го направи само вештачката интелигенција.
Блу Скути пристигна на натпреварувачката тетрис сцена во декември 2021 година, а во текот на 2023 година го освои првото место на неколку турнири. Тој објави видео на својот канал на YouTube во кое го документира неговиот последен потфат.
Блу Скути успеа да го сруши тетрисот по околу 38 минути непрекинато играње: екранот се замрзна, музиката „заглави“ на една континуирана нота, а Блу Скути изрази големо воодушевување од потфатот.