GTA VI со денови е главна тема во гејмерскиот свет, а Илон Маск неодамна на Twitter ги сподели своите искуства со франшизата.
GTA V е неверојатно популарен, а тоа што постигна невиден успех беше главната причина за лежерниот пристап на студиото Rockstar, па на трејлерот од новиот дел чекавме десет години.
Одговарајќи на твит од еден од неговите вработени, Маск напиша дека претходно се обидел да игра GTA V.
„Се обидов, но не ми се допадна да правам злосторства. GTA5 бара од вас да пукате во полицајците во првите кадри. Едноставно не можев да го сторам тоа“, напиша Маск во коментар на Твитер.
Навистина, франшизата е поврзана со многу контроверзии поради нејзината содржина, а Маск не е сам во овој начин на размислување. Без разлика, трејлерот за GTA VI беше позитивно примен од фановите.