Компанијата Amazon објави со радост дека сите корисници на Windows 10 отсега можат да ја преземат нивната апликација за Amazon Prime Video сервисот.

Оваа апликација ќе ви овозможи да ги стримате видео записите и да ги преземете за гледање кога не сте на интернет. Иако досега беше можно да се стрима Prima Video преку веб прегледник како што е Google Chrome, досега немаше начин снимките да се префрлат на Windows уред за да се гледаат офлајн.

Amazon направи одличен чекор објавувајќи апликација за Windows 10 оперативниот систем. Со тоа се овозможува не само стримување на содржини, туку и преземање на истите за моментите кога немате пристап во мрежата. Сето ова се случува во моментот кога Amazon се натпреварува со своите ривали Netflix и Hulu. Извештаите покажуваат дека компанијата активно спроведува договори во лиценцирање на пренос на телевизиските програми во живо, а претходно оваа недела беше воведен и Watch Party во САД, така што до 100 луѓе можат да ги стримаат содржините со пријателите.