Дали знаевте дека за само неколку долари, некој може да ги купи вашите информации за најавување и директен пристап до вашите профили на социјалните медиуми?

Оние кои го прават тоа ќе можат да ги читаат сите ваши пораки, да гледаат сè што сте „лајкувале“, па дури и да објавуваат содржини во ваше име; накратко – целосно да ги хакира и преземе вашите профили.

Whizcase собра цени од темната мрежа за да открие колку вреди вашиот онлајн идентитет:

LinkedIn: 45 долари
Facebook: 14 долари
Instagram: 12 долари
Discord: 12 долари
Snapchat: 11 долари
X (Twitter): 10 долари
Pinterest: 9 долари
TikTok: 8 долари
Reddit: 6 долари

Важно е да се запамети: вашиот онлајн идентитет е секогаш изложен на ризик, а хакирањето е поевтино и полесно од кога било. Сега е време да ги проверите вашите лозинки (уникатни за секоја страница) и да вклучите двофакторна автентикација каде и да можете. Така, добивате предупредување доколку до вашата сметка се пристапува од нов уред, пренесува Tportal.

Има уште еден чекор што треба да го преземете кога размислувате за тоа колку од вашите информации се достапни на интернет.

Избришете ги вашите податоци од страниците за пребарување. Тие се нарекуваат и посредници за податоци – овие компании заработуваат пари со тоа што собираат сè што можат за вас и ги продаваат тие информации на секој што е подготвен да ги купи. Во многу случаи тоа се огласувачи, но можат да бидат и хакери.