Графичката картичка на Nvidia, во комбинација со вештачката интелигенција, помогна да се дешифрира текст од антички свиток оштетен од пожар.
透過 #輝達 GeForce GTX 1070 和 #機器學習,成功破譯! #AI https://t.co/U66uDQpfIm
— TechNews 科技新報 (@technews_tw) November 13, 2023
Свитокот потекнува од Херкуланеум, кој бил закопан во пепел и вулканска карпа, заедно со Помпеја, за време на ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Голем дел од историјата и културата од тој период е зачуван на свитоците, кои биле изгорени и оштетени од топлина и пепел. Сепак, со помош на графичката картичка Nvidia GeForce GTX 1070, работата за дешифрирање на натписите во свитокот е многу полесна.
Во текот на 1986 година, во Херкуланеум беа откриени збир на свитоци, но нивното дешифрирање и читање беше тешко поради претрпената штета.
Современите истражувачи користат рендгенски зраци за време на овој процес на дешифрирање, така што веќе нема потреба да се отвораат свитоците и да се ризикува дополнително оштетување. Меѓутоа, бидејќи некои свитоци користат јаглеродно мастило, тешко е да се забележат зборовите на оштетените страници.
Тука доаѓа д-р Брент Силс, истражувачот кој го создаде The Vesuvius Challenge – предизвик кој нуди награди за оние кои можат да ги дешифрираат зборовите од овие свитоци.
Лук Фаритор, студент на Универзитетот во Небраска-Линколн, го прифати предизвикот и реши да ја конфигурира својата стара графичка картичка Nvidia GeForce GTX 1070 за да обучи модел со вештачка интелигенција да детектира одредена шема во пукнатините, што може да покаже каде може да има мастило за буква или збор.
Користејќи го овој метод, беше идентификуван грчкиот збор „порфирас“ (πορφυρας), кој може да ја означи виолетова боја или да опише виолетова облека.
Идентификувањето на овој збор му донесе на Фаритор награда од 40.000 долари.
Поврзани артикли