Популарната игра забрани некои скинови за одредени возрасти на играчи.
Fortnite е познат по своите соработки со ТВ серии и икони на популарната култура и ретко прави грешки кога станува збор за задоволување на желбите на заедницата на играчи.
Сепак, во најновото ажурирање, популарната battle royale игра се најде во необична ситуација. Ажурирањето на Fortnite, наречено „ISLAND AGE RATINGS“, прави некои острови (модови во играта) и скинови недостапни за одредена публика.
More on today’s rating announcement. About 7% of Fortnite Outfits can only be equipped in islands rated Teen. Over the next year we will enable most of these Outfits to be compatible with all ratings by having them auto-adjust appearance based on the island you want to play.
— Fortnite (@FortniteGame) November 16, 2023
Fortnite потврди во објава на X дека околу 7% од скиновите се предмет на ограничувања за возраста на играчите. Тие можат да бидат опремени само на островите означени како „Teen“.
Како дел од ажурирањето, Fortnite вклучи и ESRB ознаки за секој остров, ограничувајќи ги играчите да учествуваат во одредени игри. Тоа исто така значи дека не можат да користат одредени скинови.
Во моментов, Fortnite има ограничено преку 360 козметички предмети, а тие вклучуваат скици на карактери, оружје, рамки и многу повеќе.
Многу од овие скинови се дел од соработката помеѓу Fortnite и другите популарни франшизи, како Resident Evil или Marvel Universe. Целосната листа на скинови несоодветни за возраста вклучува:
- Leon S Kennedy
- Claire Redfield
- Lara Croft
- Rebirth Harley Quinn
- Demogorgon
- Doctor Doom
- Black Widow
- The Visitor
- Midas
- Predator
- Deadpool
- Agent Peely
- Cloud Striker
- Gunnar
- Meowscles
- Mincemeat
- Nitehare
- Nolan Chance
- Reese
- Rook
- Sgt Winter
- Stoneheart
- TNTina
- Xenomorph
- Yellowjacket
- Zadie
Поврзани артикли