Голем број компании престанаа да се рекламираат на платформата Твитер (Х) поради загриженоста дека социјалната мрежа шири антисемитски пораки.
Последниот во низата брендови што го напушти Твитер е 11:11 Media во сопственост на Парис Хилтон, по соработката која беше многу успешна (и профитабилна) за Твитер.
Хилтон, имено, во текот на двете години колку што траеше партнерството, промовираше некои од најважните можности кои Твитер сакаше да ги истакне, како што се вклучувањата во живо, можноста за рекламирање во живо, „спејсови“ и многу други.
„Донесовме одлука веднаш да ја прекинеме соработката со платформата“, изјави за Си-ен-ен, Брус Герш, претседател на 11:11 Media. Американскиот весник наведува и дека причина за тоа е „загриженоста за антисемитизмот и пронацистичката содржина“.
Да потсетиме дека поради истите причини X во последните неколку недели беше напуштен од Apple, Disney, Comcast, IBM, Paramount и други големи брендови.
Поврзани артикли