Hades е повеќенаградувана и пофалена игра, а од следната година ќе биде достапна и на мобилни уреди.
Популарната платформа за стриминг Netflix продолжува да инвестира во својата услуга за игри, а компанијата сега ги доби правата да ја дистрибуира акционата игра Hades, во мобилна форма – за уреди со Android и iOS.
Hades дебитираше како игра за PC и Nintendo Switch, по што дојде до конзолите – PlayStation и Xbox.
На платформата за игри на Netflix, Hades ќе биде достапен како дел од претплата на оваа услуга за стриминг.
Мобилната верзија на играта, наводно, нема да има реклами и нема да се обидува да продава ништо на играчите преку микротрансакции.
Не е познато кога мобилната верзија на играта Hades ќе биде официјално достапна, а познато е само дека ќе пристигне во 2024 година и дека структурално ќе биде идентична со верзијата за компјутер и конзоли.