Се очекува Windows 11 оперативниот систем официјално да биде претставен на најавениот настан на Microsoft на 24. јуни.

Уште пред да бидат објавени официјални податоци, на кинескиот сајт Baidu неовластено се појавија фотографии и видео снимки што наводно го покажуваат дизајнот на Windows 11 оперативниот систем, од почетниот екран до системскиот интерфејс.

Новиот интерфејс, според она што „протече“ како информација, ќе биде сличен на оној што Microsoft го планираа за Windows 10X, пред да го откажат. Очигледно малку го сменија и така ќе биде на Windows 11.

Апликациите се наоѓаат во средината на таскбарот, што сега е доста поедноставено, а исто така ќе имаме ново Start копче и опција за брзо исклучување или рестартирање на уредот. Почетното мени е само поедноставено.

Исто така, ќе имазаоблени рабови – на менијата, за File Explorer и апликациите. Во таскбарот ќе ја има апликацијата Windows Widgets. Како што се очекуваше, ќе имаме и нов звук при стартување.

Се очекува Windows 11 оперативниот систем официјално да биде претставен на најавениот настан на Microsoft на 24. јуни.

Windows 10 ќе биде бесплатен една година (а за некои корисници дури и подолго), што е огромен пресврт од претходната стратегија за наплата на Microsoft за секое ново издание. Притоа, компанијата ги охрабрува корисниците да се префрлат од Windows 7 и 8, правејќи го Windows 10 поодржлива платформа за програмерите кои сакаа да градат модерни апликации.

Извор: B92.net