The Witcher 3 со текот на времето стана култна видео игра, а CD Project Red има возбудливи вести во врска со Geralt of Rivia.
Дивелоперот најави дека работи на бесплатен мод-едитор за The Witcher 3, кој ќе им овозможи на играчите да му дадат на Гералт сосема нови задачи или да ја модифицираат видео играта како што им одговара.
Секако, веќе има многу модови, но најавениот едитор треба да им го олесни животот на обожавателите.
„Овој едитор ќе ви овозможи да креирате сопствени искуства во рамките на видео играта, правејќи ја нешто сосема ново или едноставно менувајќи ја содржината што е веќе таму. Планираме да ја објавиме следната година, а ќе биде бесплатна“, објави CD Project Red, пренесува веб-страницата Rock, Paper, Shotgun.
Mod Editor ќе биде само за компјутер, а беше најавен уште во 2015 година, но подоцна беше одложен, но CD Project Red внимателно ги следеше сите постоечки модови.