Оние кои имаат телефон со Android нема повеќе да се грижат за своите податоци кога го оставаат телефонот на сервис.
Кога го оставате телефонот на сервис и поправка, стандардна процедура е да го ресетирате на фабрички поставки. На овој начин, личните податоци на корисникот остануваат безбедни, додека PIN-от, отпечатокот и слични податоци се отстранети од телефонот.
Постои подобар начин за ситуации како оваа – режим на одржување Samsung или претстојниот режим за поправка за телефоните на Google Pixel. Бидејќи овие опции се наменети за одредени уреди, Google подготвува решение кое многу телефони со Android може да го применат.
Функцијата се нарекува „Repair Mode“, а кодот за неа е откриена во AOSP репозиториумот. Ќе функционира така што корисникот ќе го овозможи модот користејќи го претпочитаниот метод за верификација, кој потоа ќе го користи за да го оневозможи откако ќе го вратите телефонот од сервис.
Android is adding native support for repair mode, a feature that “creates a secure environment to protect the user’s privacy when the device is being repaired.”
Basically, repair mode lets you send your device in for repair without having to wipe it beforehand. When the device… pic.twitter.com/Bjosj2jhEd
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) October 17, 2023
Додека е активен Repair Mode, ќе изгледа како телефонот да работи со нова верзија на оперативниот систем, но со нова корисничка сметка која нема податоци. Вистинските кориснички податоци ќе останат на уредот, но тие ќе бидат заклучени и нема да може да им пристапи никој освен корисникот.
Функцијата Repair Mode сè уште е во фаза на тестирање и во бета верзијата на Android за Pixels. Repair Mode се базира на функцијата Dynamic System Updates, а тоа ќе му овозможи на сервисер да пристапи до хардверот на телефонот за да тестира што работи, а што не, додека обновувањето на корисничките податоци ќе биде многу полесно отколку со системот за резервна копија на Android.