Epic Games веќе не навикна на нови бесплатни видео игри секој четврток, а сега, веројатно поради Black Friday, овогодинешниот наслов е во понуда.

Станува збор за Deliver Us Mars, чија редовна цена е 30 евра.

Deliver Us Mars е научно-фантастична авантура во која играш како Кети Јохансон, млада астронаут, која се обидува да преживее на, погодувате, Марс.

Ова е всушност продолжение на видео играта Deliver Us Moon од 2019 година, а ќе ви бидат потребни околу девет часа да ја завршите оваа игра, чија најдобра карактеристика е брилијантно изработената атмосфера.