Мајкрософт на конференцијата Ignite 2023 објави дека целата палета на нови алатки за вештачка интелигенција ќе биде обединета под името Copilot.

Деловните корисници на тој начин ќе имаат достапен Copilot за Microsoft 365, потоа е Copilot Studio, а претходната Bing Chat Enterprise ќе има ново име – Microsoft Copilot.

Промена беше најавена и за Bing Chat кој ќе се вика едноставно Copilot и наместо да се пристапува преку Bing прелистувачот како досега, ќе биде достапен на copilot.microsoft.com.

Функционалностите на Copilot нема да се променат, па сè уште е можно да се придвижи DALL-E и да се користи промптот за да се создадат илустрации или да се користи по желба. Засега, промените кои Microsoft ги направи кога станува збор за Bing не се ништо повеќе од козметички, па останува да видиме како ќе ја подобрат услугата во иднина.