Компанијата NordPass го објави петтиот извештај за најчесто користените лозинки, со цел да ја подигне свеста на корисниците за безбедноста на податоците на Интернет.

Ова е најновата листа и тие ги наведоа 200-те најчести шифри што се користат на Интернет за различни сметки.

Можно е и филтрирање на лозинки по земја. Податоците се добиени од јавно достапни извори, а беа анализирани вкупно околу 6,6 ТБ податоци.

Еве список на 10-те најчесто користени лозинки – ако вашата е меѓу нив, се надеваме дека ви е јасно дека треба да ја промените.