Microsoft ги истражува проблемите со активирањето на Windows на многу компјутери.
Овие проблеми се чини дека се поврзани со неодамнешната одлука на компанијата да ги блокира клучевите за активирање на Windows 7 и Windows 8, така што тие не можат да се користат за Windows 10 и Windows 11.
Ако имате инсталација на Windows 10 или 11 што сте ја активирале користејќи ја опцијата за бесплатна надградба од WIndows 7 или 8, можно е да се деактивира ако промените некој хардвер или дури и ако го ажурирате BIOS-от.
Microsoft реши да ја блокира оваа „дупка“ минатиот месец, но се чини дека има уште недовршена работа што треба да се заврши доколку сакаат нивните корисници да работат на нивните уреди без компликации.
„Свесни сме за овие проблеми и извештаи на клиентите и го истражуваме проблемот. Оние кои имаат технички потешкотии треба да контактираат со поддршката за корисници“, изјави Windows за The Verge.
Поврзани артикли