Доаѓаат лоши вести бидејќи од септември Facebook и официјално ќе укине опција која беше омилена меѓу корисниците.

Понекогаш може да биде прилично фрустрирачки кога Facebook Messenger со секоја апликација ќе праша дали сакате да ја користите за испраќање СМС пораки, со сите „предности“ што ги носи.

Но, верувале или не, има многумина кои се токму за тоа – сите пораки на едно место. За нивна жал, доаѓаат лоши вести бидејќи од септември Facebook и официјално ќе ја отстрани таа опција.

„По ажурирањето, кое ќе пристигне на апликацијата на 28 септември, корисниците повеќе нема да можат да го користат Messenger за испраќање и примање СМС пораки“, се вели во соопштението на Мета.

Затоа се препорачува да ја вратите поставената апликација за испраќање пораки, така што ќе отидете до поставките на телефонот и ќе изберете: Settings > Apps > Choose default apps > SMS app. Забележано е дека по ажурирањето, корисниците автоматски ќе почнат да добиваат СМС преку друга или поставена апликација.

Оваа опција за прв пат беше претставена во 2012 година, но Facebook многу брзо ја отстрани. Четири години подоцна, Facebook повторно ја имплементираше функцијата и ја задржа до сега. Којзнае дали ќе има трет обид…