Одборот на директори на OpenAI го ангажираше ко-основачот на Твич, Емет Шир, како привремен извршен директор, известува Аксиос, цитирајќи извор запознаен со ова прашање. Оваа информација значи дека сменетиот поранешен извршен директор Сем Алтман, кој разговараше со раководството викендов, нема да се врати.
Ненадејното отпуштање на Алтман ја запрепасти технолошката индустрија, бидејќи тој стана заштитно лице на сегашниот подем на вештачката интелигенција, првенствено поради успехот на ChatGPT развиен од OpenAI.
Во петокот попладне, OpenAI објави дека Алтман ќе ја напушти компанијата откако нејзиниот одбор заклучи дека тој не бил „постојано искрен во своите комуникации“.
Претседателот Грег Брокман набрзо поднесе оставка, а неколку високи истражувачи си заминаа подоцна истиот ден.
Мајкрософт, најголемиот инвеститор и деловен партнер на OpenAI, и другите акционери на компанијата исто така беа изненадени од овој потег, но Мајкрософт сепак рече дека останува посветен на компанијата.
Техничката директорка Мира Мурати беше именувана за привремен извршен директор во петокот, и не е јасно каков ќе биде нејзиниот статус сега кога Емет Шир е именуван за привремен извршен директор. Шир се повлече од функцијата извршен директор на Твич во сопственост на Амазон уште во март.
first and last time i ever wear one of these pic.twitter.com/u3iKwyWj0a
— Sam Altman (@sama) November 19, 2023
Во неделата попладне, Алтман објави селфи држејќи пропусница „OpenAI гостин“ во канцеларијата и напиша: „Прв и последен пат го носев ова“.
Многумина тоа го сфатија како знак за неговото неизбежно враќање, но на крајот се покажа спротивно.
Поврзани артикли