По повод 38 години од првиот Windows, решивме да направиме мал „пресек на ситуацијата“ и да видиме какво е мислењето на јавноста.

Windows 1.0 официјално беше претставен на 20 ноември 1985 година, со што започна револуцијата и доминацијата на овој оперативен систем во компјутерскиот свет. Имено, пред речиси четири децении доминираа текстуалните интерфејси кои никому не беа привлечни.

Потоа пристигна Windows 1.0 со графички кориснички интерфејс и им понуди на корисниците приспособено искуство. Беа понудени можности за повеќе задачи, менија и поддршка за компјутерски глушец, а Microsoft продолжи да доминира на пазарот уште од првата верзија на Windows, па денес Windows го користат околу 1,6 милијарди уреди.

Со секоја нова верзија, Windows се менуваше и подобруваше според искуствата на корисниците, па сегашната верзија, Windows 11, значително се разликува од она што Бил Гејтс го претстави во 1985 година. Сепак, иако пофален, Windows е до одреден степен и оспоруван поради проблемите со кои се соочуваат корисниците.

Кој Windows според вас е најдобар?