Дел од ракетата на SpaceX кој беше одвоен од неа пред седум години и беше напуштен во вселената откако ја комплетираше својата мисија, ќе се урне на Mесечината во март велат експертите.

Ракетата имаше задача во 2015. да пушти во орбита сателит на НАСА наречен DSCOVR, (Deep Space Climate Observatory), а во превод би значело климатска опсерваторија во далечната вселена.

Оттогаш, втората фаза на ракетата или бустер, слободно лебди во т.н. хаотична орбита, како што ја нарекуваат математичарите, изјавил астрономот Бил Греј за агенцијата Франс-Прес. Токму Греј го пресмета новиот курс за судир на отпадокот со Mесечината. Бустерот помина прилично близу покрај Mесечината во јануари и таа блиска средба му ја промени орбитата – изјавил Греј. Тој стои зад софтверот “Проект Плутон”, кој овозможува пресметување на траектории на астероиди и останати предмети во вселената и се користи во опсервациски програми финансирани од NASA.

Една недела откако делот од ракетата прелетал покрај Mесечината, Греј вршел набљудување и заклучил дека истиот ќе се урне на далечната страна на месечината на 4. март, со брзина поголема од 9000 километри на час.

Греј ги повика членовите на аматерските астрнонмски здруженија да го набљудуваат бустерот и при тоа неговиот заклучок беше потврден. Точното време и местото на ударот може да имаат мали отстапувања во однос на прогнозата, но се согласуваат дека ќе има удар на месечината тој ден.

„Сум набљудувал отпадоци од овој тип околу 15 години. Ова е првиот ненамерен судир со Mесечината кој го имаме”, изјави Греј за АФП.