Пред официјалното објавување, кое се очекува во наредните денови, на Amazon се појави Redmi 13C каде се наведени спецификациите, фотографиите и цената на уредот.

Според листата на Амазон, Redmi 13C доаѓа во две варијанти: со 4 GB RAM и 128 GB простор за складирање и во верзија од 8 GB RAM + 256 GB.

Цените на споменатите телефони, според информациите, ќе бидат 130 и 150 евра. Уредите се прикажани во Midnight Black и Navy Blue бои на Amazon, но се очекуваат и многу други бои.

Кога станува збор за спецификациите, протечените детали споменуваат 6,74-инчен LCD екран со HD+ резолуција (720 x 1600p) и стапка на освежување од 90 Hz.

Телефонот ќе се придвижува од чипсетот Helio G85, а ќе се напојува од батерија од 5000 mAh со поддршка за полнење од 18 W. Ќе има сензор за отпечатоци од страната на рамката, а ќе користи интерфејс Android 13 и MIUI 14.

Во областа на камерите, Redmi 13C има главен сензор од 50MP, а има и две камери од 2MP за длабински и макро снимки. На предната страна има селфи камера од 8 MP.

Дополнително на ова, телефонот нуди до 4 GB виртуелна RAM меморија, слот за microSD картичка, поддршка за две SIM, 4G VoLTE, Wi-Fi, Bluetooth 5.1 и повеќе.