RED Hydrogen One би можел да биде телефон од нашите најлуди соништа. Дури и можеби премногу добар за да биде вистинит. Уредот има импресивен холографски дисплеј кој е и модуларен, овозможувајќи им на сопствениците да можат да користат различни додатоци.

Hydrogen One исто така ги заобиколува и тековните трендови одлучувајќи се за погруби рабови со истакнати детали и масивна камера опкружена со јаглеродни влакна. До сега, RED прикажуваше исклучиво рендери од дизјанот на телефонот, но основачот Џим Џанард оваа недела, сподели реални фотографии од Hydrogen One.

Сепак, слично како и самиот телефон, тие изгледаат речиси премногу совршени за да бидат вистински.

RED Hydrogen требаше да излезе во август, но проблеми со сертификацијата го поместија датумот за 2-ри ноември (преднарачките ќе бидат достапни на 9-ти октомври). RED Hydrogen ќе биде достапен преку AT & T, Verizon и Telcel за 1.295 долари, во две бои: црна и сива. Ова е само алуминиумската верзија; титаниумскиот модел ќе пристигне во 2019 година.

Главниот уредник на Engadget, Крис Веласко, го тестирал RED Hydrogen во јуни и бил импресиониран од неговиот холографски екран.