WhatsApp сè уште може да вклучува реклами со своите статуси, слично на случајот со сторињата на Инстаграм, рече шефот на компанијата Вил Кеткарт во едно неодамнешно интервју.

Како што објави TechCrunch, се наведува дека рекламите на WhatsApp може да се прикажуваат на различни места во апликацијата, вклучувајќи канали и статуси, иако временскиот период што ќе биде потребен за да се имплементира ова не е наведен.

Новинар од еден бразилски весник го праша Кеткарт дали WhatsApp ќе продолжи да биде бесплатен и без реклами, на што доби одговор дека „WhatsApp нема да има реклами во инбокс или при размена на пораки“.

Сепак, Кеткарт додаде дека каналите можат да им наплаќаат на луѓето за членство и дека сопствениците можат да промовираат нешто во рамките на каналот. Апликацијата за пораки во сопственост на Мета бара начини за вметнување реклами од 2018 година, кога Facebook сакаше да се обиде да става реклами на статуси, објави The Verge.

Пред неколку години се чинеше дека постои страв од вклучување на реклами и како ќе реагираат корисниците, па целата приказна беше одложена, но очигледно е дека рекламите се уште се во план.