Xiaomi Mi Band серијата е еден од најприфатливите и најпопуларните фитнес-тракери на пазарот денес. Серијата Mi Band обезбедува сигурен и ефтин начин за следење на вашето здравје и многу активности, а истовремено нуди одлична флексибилност и карактеристики. Новите гласини тврдат дека претстојниот Xiaomi Mi Band 7 ќе понуди дополнителни подобрувања, вклучувајќи поголем екран, Always-on-Display (AOD), вграден GPS и повеќе.

Минатогодишниот Xiaomi Mi Band 6 додаде функции како што се поголем екран во споредба со Mi Band 5, побогат екран, можност за следење на SPO2, подобро траење на батеријата и следење на повеќе фитнес активности. Секоја итерација на Mi Band стана значително подобра со текот на годините, а претстојниот Mi Band 7 ќе го следи сличен третман. Новите информации од Magical Unicorn пружија некои нови информации. Кодното име за новиот уред е „L66“, а броевите на моделите се M2129B1 и M2130B1.

Новиот Mi Band 7 ќе доаѓа со малку поголем екран од 192 x 480 пиксели и наводно ќе поддржува AOD за неколку избрани часовници. Информациите тврдат и дека фитнес-тракерот ќе додаде неколку начини за вежбање, како што се аеробик, па дури и зумба.

Како што известува Pocket-Lint, се тврди и дека Xiaomi Mi Band 7 може да има вградена GPS функција за следење на GPS активностите, но во овој момент тоа останува нејасно. Mi Band 6 исто така вклучуваше код поврзан со функционалноста на GPS, но се покажа дека нема ништо од оваа опција. Часовникот ќе ја има и Smart Alarm функцијата која ќе ви овозможи да се разбудите од лесен сон, 30 минути пред да се огласи главниот аларм. Исто така, постојат референци за подобрен режим за заштеда на енергија за да се зачува траењето на батеријата на веќе одличниот фитнес тракер.

Немаме официјални информации за тоа кога да го очекуваме Xiaomi Mi Band 7, но Xiaomi го објави Mi Band 6 во март минатата година, па е многу веројатно дека би можеле да го видиме во текот на овој или следниот месец.