Euro Truck Simulator 2 добива уште едно проширување, и тоа побрзо отколку што очекувавме.
Неодамна пишувавме за пристигнувањето на мапите од Западен Балкан на Euro Truck Simulator 2, а сега, и побрзо отколку што очекувавме, најавено е уште едно проширување.
Овој пат SCS Software реши да ни ги даде патиштата во Грција, што може да се види во трејлерот кој ги најавува новите мапи.
Студиото, сепак, соопшти дека сè што се гледа во промотивното видео сè уште претставува „работа во тек“ и може да се промени. Сепак, виртуелните камионџии ќе бидат задоволни кога ќе слушнат дека им доаѓа нова рунда патишта.
Поврзани артикли