Нова бесплатна игра ве очекува, како и досега, овој четврток на платформата Epic Games Store.

Golden Light, хорор игра за опстанок со цена од 20 долари, ќе биде достапна за бесплатно преземање од 9 до 16 ноември.

Според Epic Games, станува збор за „процедурална мрачна хорор комедија“, со морничава атмосфера и необични елементи.

Ако имате Windows 10, за да играте Golden Light ви требаат најмалку 8 GB RAM, 2 GB GPU и 2 GB слободен простор за складирање.