Откако Илон Маск стана шеф на социјалната мрежа Твитер (сега Х), работите одат во непредвидлив правец. Сепак, ниту тој не е имун на ваквите вести.
Твитер изгуби 600 милиони посети минатиот месец, според аналитичката компанија SimilarWeb.
Ова е голема загуба, но ако се земе предвид дека и по него платформата има 5,8 милијарди посети, лесно може да се заклучи дека Твитер се уште е далеку од „изумирање“.
Треба да се има на ум дека ова не е бројот на изгубени корисници, но дека сепак ваквите податоци покажуваат дека помалку луѓе избираат да видат што има ново на Твитер.
Сигурно за ова „придонесе“ однесувањето на Маск, кој изгледа не е сигурен што точно сака кога се во прашање претплатите на платформата – неодамна се појави информација дека на сите корисници ќе им се наплаќа најмалку долар годишно.
Сè на сè, претстојат турбулентни денови, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме во иднина.
Поврзани артикли