Одамна не постоел телефон на пазарот кој ги има сите потребни перформанси, а во исто време може уредно да се смести во џеб и да се користи со една рака, со димензии кои одговараат на некои претходни уреди (се надеваме дека се сеќавате на Moto X 2013).

Во обид да открие зошто повеќе нема вистински компактни телефони, The Verge разговараше со Бенџамин Брајант, водачот на проектот „Мал Android Phone“, кој има за цел да направи телефон со помали димензии.

На некој начин, проектот не напредува многу во последно време, бидејќи се уште е енигма како да се направи дисплеј на телефонот без да се жртвуваат посакуваните перформанси. Исто така, воопшто не помага тоа што производителите на мали дисплеи не даваат лиценца.

„Проблемот е што Apple има ексклузивни права на екранот на телефонот iPhone Mini. Без оглед на тоа што серијата престана да се произведува, Samsung не може да ни дозволи пристап“, изјави Брајант на следбениците на социјалните мрежи минатиот месец.

Сега, рече тој, добиле поддршка од американскиот оддел на Самсунг, но треба да им угодат и на лидерите во Јужна Кореја. Други опции вклучуваат купување телефон iPhone Mini, како и користење на делови од моделот Oppo Find N2.

Сепак, малку е веројатно дека наскоро ќе дојдеме до мал Андроид телефон – како што одминува времето, трендот се сè поголеми телефони, а брендовите кои се обидуваат да го ублажат ова со fold и flip модели имаат уште многу работа за да направат за да ја заинтересираат пошироката јавност.