Најновата статистика покажува доминација на Minecraft и уште еден рекорд кога е во прашање продажбата.

Кога станува збор за продажбата на видео игри, има само неколку наслови кои можат да застанат рамо до рамо со Minecraft. Легендарната игра уште еднаш ја покажа својата доминација преку најновата статистика.

Мојанг објави дека се продадени над 300 милиони примероци од Minecraft, оставајќи ја играта на врвот на најпродаваната листа на сите времиња.

Соопштението дојде за време на настанот Minecraft Live одржан неодамна. Мојанг истакнува дека постигнатиот рекорд е нешто за што не можеле ниту да сонуваат кога ги поставиле првите коцки во играта, а голема благодарност до заедницата на играчи и љубители на играта.

Беа објавени и интересни статистички податоци, па само во периодот од септември до октомври 2023 година, во Minecraft беа убиени во просек по 15 милиони скелети и откриени 6,7 милиони дијаманти.

Minecraft во 2024 година ќе наполни 15 години, па во иднина се очекуваат многу интересни содржини и новитети од популарната игра.