Познато е дека Apple и Google имаат договор кој, во замена за голема сума пари, гарантира дека Google е стандардниот пребарувач на уредите на Apple.
Засега ниту една страна не откри колкава е точната сума, а компанијата Бернштајн, која се занимава со финансиски консалтинг, пред две години сугерираше дека тоа може да биде околу 10 милијарди долари годишно.
Во новиот извештај, сепак, Бернштајн тврди дека Google му плаќа на Apple помеѓу 18 и 20 милијарди долари.
Во извештајот објавен од „The Register“, Бернштајн ги проценува потенцијалните импликации на тековната антимонополска парница што САД ја водат против Google.
„Веруваме дека постои можност да биде донесена пресуда против Google и тие да бидат принудени да го раскинат договорот што го потпишаа со компанијата Apple. Проценуваме дека оваа зделка е „вредна“ од 18 до 20 милијарди долари годишно“, додава Бернштајн во извештајот.