На кинеските социјални мрежи се „шушка“ дека интерфејсот MIUI заминува во историјата. Xiaomi наводно ќе го замени со MiOS, кој допрва треба да биде претставен.
Според информациите објавени на мрежата Weibo од доверлив дојавувач Digital Chat Station, Xiaomi планира да го замени MIUI со сосема нов MiOS.
Кинеската компанија веќе ги патентирала правата на името „MiOS“ и доменот mios.cn во Кина, а наводно веќе е протечена и бета верзијата на новиот софтвер, наменет за програмери.
So #Xiaomi Next Ui Is Called As #MiOs pic.twitter.com/SpZlmLfSYq
— VaasuTechVlogs (@Gaddamvaasu) October 9, 2023
Во моментов не е познато дали MiOS ќе биде уште еден Android интерфејс како MIUI или дали Xiaomi всушност развива целосно нов мобилен оперативен систем. Во претходните години, имаше гласини дека кинеската компанија сака да ги следи стапките на Huawei со лансирање на сопствен оперативен систем, базиран на Android Open Source Projectu (AOSP).
Доколку гласините се точни, MiOS би се користел од паметните телефони, таблетите, паметните часовници и нараквиците на Xiaomi, па дури и електричните возила на компанијата.
Поместувањето кон „пензионирање“ на MIUI секако би бил неочекуван потег за Xiaomi, бидејќи моментално го користат над 564 милиони месечни активни корисници ширум светот. Тековната верзија на интерфејсот, MIUI 14, почна да пристигнува на телефоните на Xiaomi на почетокот на оваа година.
Поврзани артикли