Цените на видео игрите продолжуваат да растат на пазарите во Турција и Јужна Америка, а сега на ред се игрите на новата аквизиција на Microsoft – Activision.
Цените за скоро сите Call of Duty игри и нивните додатоци нагло се зголемија на Steam во Турција и Бразил.
20 години стариот Call of Duty во Турција од вчера е десет пати поскап отколку што беше во сите овие години. Другите игри, како што се Prototype, Crash Bandicoot или Spyro, исто така поскапеа за повеќе од 1000%.
Ова претставува продолжување на борбата меѓу издавачите и играчите кои ги користат пазарите во Турција и Аргентина за да купуваат игри по поевтини цени.
На пример, првиот Call of Duty претходно можеше да се купи за 1,66 евра на турскиот пазар, а сега неговата цена е 17,66 евра, слично на цената во остатокот од Европа (околу 20 евра).
Поврзани артикли