Apple сега бара новите апликации да покажат доказ за лиценца на кинеската влада пред да бидат објавени на App Store во Кина.
Како што објави Ројтерс, компанијата од Купертино почнала да бара од програмерите да добијат „Дозвола од интернет провајдер (ICP)“ за да постават производ на App Store.
Оваа лиценца за ICP е систем за регистрација што е потребен со години за веб-сајтовите да работат легално во Кина, а Apple сега им се придружува на Tencent и Huawei кои ја воведоа оваа промена во 2017 година.
За да добијат лиценца, програмерите треба да имаат компанија во Кина или да работат со локален издавач.
Меѓутоа, проблемот е што пристапот до стотици илјади апликации во кинеската верзија на App Store сега ќе стане покомплициран – не само што ќе им биде тешко на корисниците да преземаат популарни западни апликации, туку и оние како Telegram.
Многу Кинези користат VPN, а сега ќе мора да ја користат App Store од друг регион за да пристапат до нивните омилени апликации. Од друга страна, Apple веројатно беше принуден на овој компромис бидејќи Кина е трет по големина регион за нив кога станува збор за продажба на софтвер.
Поврзани артикли