Шефот на компанијата Apple сака да дава интервјуа, а овој пат не пропушти да ги изненади корисниците.
Засега не е ни чудо што Тим Кук со нетрпение го очекува „Аха моментот“ што ќе им го подари Vision Pro на корисниците, но нешто што е малку неочекувано е тоа што тој е прилично возбуден поради можноста да игра видео игри на iPhone.
Зборувајќи за The Independent, Кук рече: „Ние сме многу возбудени за нашата улога во светот на игрите, ја сфаќаме многу сериозно. Тоа не е хоби за нас, ние ќе дадеме се од себе на тоа поле“.
Со силните спецификации на iPhone 15 Pro Max и поддршката на Apple за развивачите на игри како Resident Evil Village и Assassin’s Creed Mirage, се чини дека Кук не зборува во празно.
Ова е поддржано од неговата визија за Apple Vision Pro – иако е уред со AR што треба да биде корисен за продуктивност, „аха моментот“ за кој зборуваше Кук се однесува на гејмерскиот потенцијал – Apple се подготвува да тргне изненадувачки силно во светот на игрите во 2024 година.
Тешко е да се процени колку би било големо достигнување да се играат Resident Evil 4, Assassin’s Creed Mirage или Death Stranding со помош на овој уред, а еден поглед на App Store ни дава впечаток на игри дизајнирани да задоволат што е можно поголем број корисници.