Како и секогаш кога станува збор за Apple, набргу по претставувањето на последната генерација на смартфони, на интернет почнаа да кружат гласини за нови модели на кои компанијата работи и ќе ги претстави во иднина.
Следната година очекуваме модели од серијата iPhone 16, но покрај тие четири уреди, Apple наводно развива уште еден уред – нов модел од својата најприфатлива серија SE.
Иако извесен период се зборуваше дека Apple може целосно да се откаже од овие телефони, се чини дека се предомислија, па се работи на развој на четвртата генерација од овој модел, кој треба да донесе големи промени во однос на неговите претходници.
Имено, додека претходните уреди од оваа серија имаа застарен дизајн и помал екран, SE4 ќе се базира на минатогодишниот модел на iPhone 14. Дијагоналата на екранот на овој модел треба да биде 6,1 инчи, пренесува Zimo.
Тоа ќе биде OLED екран, на чиј врв треба да има дел со камера и сензори за Face ID, кој конечно ќе го замени застарениот Touch ID за отклучување на уредот.
Она што е речиси сигурно е дека оваа генерација ќе има и USB-C порта, како што налага новиот закон на ЕУ, а интересно е да се спомене и нова опција која беше претставена со најновите модели на iPhone – копчето Action.
Ова копче го заменува претходното копче за исклучување звук, а корисниците можат да го користат за различни функции како што се активирање на камерата, светла и слично.
Едно нешто што Apple се чини дека не го менува од претходните модели и треба да биде една од позначајните разлики помеѓу поскапите модели и SE, е задната камера. Додека iPhone 14 има две задни камери, а iPhone 14 Pro има три, моделот SE треба да има само една – најверојатно тоа ќе биде сензор од 48 MP.
Поврзани артикли