Минатата година видовме враќање на легендарниот паметен часовник Moto 360, со Wear OS платформа, но овој модел беше произведен од еден од партнерите на Motrola – eBuyNow. Двете компании изгледа го прошируваат своето партнерство и ќе претстават уште паметни часовници со Moto брендот подоцна во текот на годината.

Во презентацијата, која го покажува планот на објава на идните уреди, може да се види дека Moto G часовникот е планиран за јуни, а веројатно се работи за буџетски модел. Ќе го краси кружен дизајн, со две физички копчиња од страна.

Тука е и мистериозниот 3D рендер на Moto паметниот часовник, кој доста потсетува на Moto 360. Има проѕирно куќиште на задната страна, овозможувајќи увид во компонентите на уредот.

Бидејќи производителот го наведува Qualcomm како еден од своите стратешки партнери, се очекува дека најскапите Moto паметни часовници ќе ја користат Snapdragon Wear 4100 платформата со барем 1GB RAM, додека поевтиниот модел ќе има Snapdragon 3100. Сите часовници ќе имаат WearOS.