Нова хакерска група: „Упаднавме во сите системи на Sony, ќе ги објавиме податоците ако не ни платат“
Сите системи на компанијата Sony се хакирани, според новата хакерска групација Ransomed.vc.
Како што неодамна објави Cyber Security Connect, оваа хакерска група е основана неодамна, во септември, иако се сугерира дека тие имаат врски до претходните дарк веб-форуми.
Наводно, хакерите објавиле скриншотови од внатрешната страница за најава на Sony, интерна презентација на PowerPoint со детали за некои од тестовите, неколку Java-датотеки и скриншот од документ со детали за сè што е хакирано.
„Успешно ги компромитиравме сите системи на Sony. Нема да ги вратиме. Ќе ги продадеме податоците, бидејќи Sony не сака да ни плати. Се е на продажба”, објави оваа хакерска група, пренесува Kotaku.
Наводно, 6.000 хакирани датотеки содржат тон документација, Java и HTML податоци, а многу од датотеките се на јапонски.
Се заканија дека ќе објават сè доколку не им биде исплатена сумата што ја бараат, иако не наведоа конкретна цена, но ги оставија своите контакт информации. Sony сè уште не коментираше за ова.