Тесла го покажа хуманоидниот робот за прв пат во 2021 година, но тогаш малкумина можеа да претпостават колку далеку ќе оди во неговиот развој за само две години.
Optimus на Tesla сè уште не е подготвен за масовно производство, но изгледа веродостојно и се чини само прашање на време кога тоа ќе се случи.
Ново видео открива колку далеку стигнал тимот за роботика на Тесла, бидејќи прототипот на Optimus може да се види како ги сортира предметите во две канти, како во магацин или фабрика, па дури и развива вештини за јога.
Снимката започнува со Optimus што извршува програма за само-калибрација на неговите раце и нозе, така што тие прецизно ја преземаат позата што му треба за да „работи“.
Потоа, ги идентификува и разликува зелените и сините блокови и ги сортира. Роботот дури и внимателно врти еден блок за 90 степени за да се увери дека стои така како што треба, пренесува Car Scoops.
Откако ќе заврши со секојдневните обврски, на Оптимус му е дозволено да се опушти со јога. Го гледаме како стои на едната нога и ги истегнува рацете и нозете. Ако ништо друго, тој покажа завидна рамнотежа, па барем сме сигурни дека нема да се сопне и да ни истури топло кафе во скутот, ако еден ден роботите ни бидат батлери.
Има уште долг пат да се направи, но се чини дека работниците на фабрички линии или слични повторливи работни места треба прво да се грижат за работата, бидејќи овој тип на машини се развива се побргу.
Најновото видео следи од претходното објавено во мај, каде што се гледаат роботите на Оптимус како полека одат, ја препознаваат својата околина и извршуваат едноставни задачи.
Поврзани артикли