Добивањето новости од луѓе, организации, уметници, познати личности и повеќе на WhatsApp сега ќе биде уште подостапно додека ја задржувате вашата приватност.
Примарната функција на каналите (Channels) е комуникација еден-на-многу преку пораки, а се додаваат и нови начини на интеракција, како што се реакции на емотикони.
Каналите на WhatsApp ќе бидат лоцирани во посебен таб на апликацијата, и ќе ја осигуруваат приватноста на корисникот на таков начин што другите корисници нема да имаат увид во каналите кои корисникот ги следи.
Исто така, личните податоци на сметката на корисникот нема да бидат видливи. Во наредните месеци секој ќе може да создаде свој канал. Администраторите на каналот ќе бидат одговорни за содржината на него.
Најавено е подобро филтрирање на канали, во зависност од земјата во која се наоѓа корисникот, а под пораките ќе може да се види и вкупниот број на реакции. Најактивните канали ќе бидат лесно достапни за следење, т.е. оние кои ќе имаат најмногу следбеници и ќе бидат најпопуларни.
Како што е најавено на официјалниот блог, новата функција би требало да биде достапна во наредните недели во повеќе од 150 земји.
Официјалните страници на Мета наведуваат дека ова е само почеток, каналите ќе се прошират и ќе бидат додадени нови функции, сето тоа врз основа на повратните информации од корисниците.