Apple пред два дена на својот настан „Wonderlust“ ја претстави новата серија iPhone 15. Очекувано, американската компанија не спомна некои детали за моделите од оваа серија, а тука првенствено се мисли на капацитетот на батеријата, брзината на полнење и количината на RAM меморија.

Сега се запознаваме со деталите за RAM меморијата.

MacRumors и aaronp613 известуваат за RAM меморијата на моделот iPhone 15. Се вели дека iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max имаат повеќе RAM од нивните претходници. Двата модели доаѓаат со 8 GB RAM, што е за 2 GB повеќе од iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.

Што се однесува до обичните модели на iPhone 15, во извештајот се наведува дека iPhone 15 и iPhone 15 Plus ќе пристигнат со 6GB RAM, што е исто како и минатогодишните телефони iPhone 14 и iPhone 14 Plus. За жал, извештајот не прецизира за каков тип на RAM меморија се работи.

Американската компанија утре ќе започне со претпродажба на новите модели, додека отворената продажба ќе започне една недела подоцна.

Новата серија на iPhone 15 пристигна со неколку промени во дизајнот. Така, сите модели оваа година добија USB-C конекција за синхронизација и полнење, што е последица на одлуката на Европската Унија.

Дополнително, моделите Pro пристигнуваат со титаниумски рамки, што е големо подобрување и новитет во однос на минатогодишните модели Pro. iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max добиваат и ново Action копче кое го замени препознатливиот прекинувач на Apple за промена на режимот на звук. Ова копче ќе понуди неколку опции за брзи дејства, како што се стартување на камерата, апликации и друго.