Многу ретко се случува некој од производителите да издаде релативно квалитетен телефон за малку пари, но се чини дека Honor 7S е токму таков телефон. Објавен е вчера, на 28-ми јуни. Во Британија е достапен за само 100 фунти, што би значело околу 130 американски долари. Со оглед на цената не очекувајте да се споредува со најскапите модели, но на овој модел тоа и не му е целта.

Honor 7S

Honor 7S има дисплеј во сооднос 18:9 кој е тренд во 2018-та година. Екранот е со дијагонала од 5.45 инчи (13.8cm) и резолуција од 1440 на 720 пиксели. Според спецификациите, дебелината е 8.3mm, а тежината е 142 грама. Телефонот е достапен во три бои: сина, црна и златна. Телефонот ја има последната верзија на Android т.е. Android 8.1. Очекувано според цената, телефонот го користи скромниот процесор MediaTek MT6739 со 2GB RAM и внатрешен простор од 16GB. За среќа, има лежиште за мемориска картичка.

Honor 7S

Телефонот има задна камера со резолуција од 13 мегапиксели, а предната камера е со резолуција од 5 мегапиксели.Скромната батерија од 3200mAh би требало да издржи еден ден, а телефонот има приклучок за слушалки, можност за користење на 2 SIM картички.