Неодамна се појавија информации од познат свиркач за можниот датум на лансирање на серијата Xiaomi 13T. Не долго после тоа, Xiaomi го потврди датумот на претставување на оваа серија.
Иако се очекуваше новата T серија да биде лансирана на 1 септември 2023 година, тоа не се случи. Серијата Xiaomi 13T ќе пристигне на крајот на овој месец, поточно на 26 септември.
Оваа информација ја објави основачот и извршен директор на кинеската компанија Леи Јун на својот X профил. На фотографијата што ја објави се наведува и дека настанот ќе се одржи во Берлин со почеток во 14 часот, а ќе се пренесува во живо преку официјалната веб-страница на Xiaomi (Mi.com).
#Xiaomi13TSeries, co-engineered with Leica, is coming September 26th! So excited to bring the authentic Leica imagery to even more fans around the world. 🟠📷🔴 pic.twitter.com/34Et2UUcEv
— Lei Jun (@leijun) September 5, 2023
Дополнително, Јун откри дека серијата Xiaomi 13T ќе пристигне во соработка со Leica, што значи дека камерите на уредот ќе бидат оптимизирани од познатиот германски бренд. Затоа, меѓу другото можете да очекувате и куп супер Leica филтри.
Она што Јун не го откри е бројот на модели од оваа серија. Сепак, веројатно е дека Xiaomi ќе се држи до својата сегашна политика и дека серијата Xiaomi 13T ќе има два члена – Xiaomi 13T и Xiaomi 13T Pro.
Пред неколку дена дознавме за можните цени на овие два модели на европскиот континент. Xiaomi 13T Pro, кој ќе пристигне како ребрендираниот Redmi K60 Ultra, кој неодамна беше претставен во Кина, наводно ќе чини 999 евра во Европа за најмоќната верзија со 16 GB RAM и 1 TB простор за складирање.
Од друга страна, обичниот Xiaomi 13T во Европа наводно ќе чини 649 евра за верзијата со 8 GB RAM и 256 GB простор.